24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на европските и на Волстрит втор ден по ред

Пад на европските и на Волстрит втор ден по ред

berza zagbu3

На европските берзи во вторникот акциите паднаа, како и на Волстрит втор ден со ред, бидејќи вложувачите се загрижени поради слабите макроекономски показатели и падот на продажбата на најголемите американски производители на автомобили.

Во тргувањето во вторникот лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,73 отсто, на 6.645 поени, додека франкфуртскиот индекс DAX потона за 1,80 проценти, на 10.144 поени, а парискиот индекс CAC падна 1,84 отсто, на 4.327 индексни поени,

На Волстрит, пак, во вторникот индексот Dow Jones падна за 0,49 отсто, на 18.313 поени, додека S&P 500 индексот се лизна за 0,64 проценти, на 2.157 поени, а Nasdaq индексот с намали за 0,90 отсто, на 5.137 индексни поени.

Најмногу паднаа цените на акциите во автомобилскиот сектор, откако најголемите американски производители на автомобили „General Motors“ и „Ford“ известија за пад на продажбата во јули. Акциите на двата гиганта поевтинија за повеќе од 4 отсто.

Под притисок беше и нафтениот сектор, бидејќи цените на „црното злато“ не успеваат да закрепнат откако последните седмица потонаа повеќе од 10 отсто. На американскиот пазар цената на барелот и натаму се движи на најниските нивоа од април, под 40 долари.

Вложувачите се разочарани и од новите сигнали за недоволно силниот раст на американската економија. Иако податоците покажа дека во јуни личната потрошувачка пораснала повеќе отколку што се очекуваше, но податокот за растот на личните приходи беше послаб од очекуваното, додека инфлацијата и натаму се движи значително под посакуваното ниво на централната банка од 2 отсто,.,

И покрај референдумската јунска одлука на Британците да ја напуштат ЕУ, што ги потресе финансиските пазари, индексот S&P 500 порасна во јули за 3,6 отсто и достигна рекордни нивоа. Меѓутоа, последните два дена се тргува претпазливо бидејќи се покажа дека американската економија во вториот годинешен квартал растела значително побавно од очекуваното, а ниту деловните извештаи на компаниите не се импресивни.

Од 353 компании од составот на S&P 500 индексот, кои досега ги објавија деловните извештаи, 71 отсто оствариле поголема заработка од очекуваното, Но аналитичарите своите процени во анкетата на Reuters ги поставуваат многу ниско, па на компаниите не им е тешко да ги натфрлат очекувањата.

Откако повеќето компании ги објавија деловните резултати, аналитичарите проценуваат дека заработките на компаниите во второто тримесечје паднале за 2,6 отсто во однос на истиот период минатата година. Тоа е помалку од 4,5-прцоентниот пад на заработките, колку што се очекуваше на почетокот од јули, но според сé судејќи, заработките на компаниите ќе паднат и четврт квартал по ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП