24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали ќе ги намали Bank of England каматните стапки?

Дали ќе ги намали Bank of England каматните стапки?

funta frank 335

Пред околу 3 недели „Bank of England“ ги изненади пазарите, оставајќи ги каматните стапки без промена.

Тоа се случи, и покрај очекувањата на аналитичарите дека претстои олеснување на монетарната политика. Само ден пред уште една седница 50 од 52 анкетирани економисти од „Bloomberg“ сметаат дека банката ќе ја преземе оваа акција токму утре.

Поголем број од нив изјавиле дека намалувањето ќе е од 0,25 поени, но има и такви кои прогнозира намалување на каматните стапки од сегашните 0,5 отсто на 0,1 или дури 0.

Според Националниот институт за економски и социјални истражувања во земјата (NIESR) растот на економијата на Велика Британија ќе забави до 1,7 отсто за 2016-та година и 1% во 2017-та година, што би предизвикало централната банка да ги намали повторно каматните стапки во август или ноември до ниво од 0,1 отсто.

Од „NIESR“ сметаат дека само до третиот квартал на 2017-та година ќе бидат изгубени 320.000 работни места, а шансата економијата да западне во рецесија во следните 18 месеци се проценува на 50%. Инфлацијата во земјата се очекува да надмине 3% за прв пат по пет години кон крајот на 2017-та година, сметаат уште економистите.

Тие се исто така сметаат дека растечката невработеност на Островот ќе влијае и на потрошувачката, а поевтинувањето на фунтата ќе го направи поскап увозот на стоки кон Велика Британија. Очекувањата се дека во следните четири години Владата на Велика Британија ќе побара заеми во износ од 47 милијарди фунти за да се справи со ситуацијата во земјата која е предизвикана најмногу од одлуката за напуштање на Унијата.

ММФ, исто така, ја намали прогнозата за раст на британската економија со 0,2 процентни поени за 2016-та година и со 1% за следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП