Од 7.20 часот, на магистралниот пат А1 Удово-Демир Капија кај местото викано Света Петка, сообраќајот е во прекин во двата правци поради случена сообраќајна незгода, соопштија од Автомото сојузот на Македонија.
Инаку, сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поради високите температури препорачуваме патување во раните утрински и вечерни часови. Правете почести одмори и конзумирајте повеќе безалкохолни пијалоци.
Времен режим на сообраќај за тешки товарни возила во летниот период забрана за тешки товарни возила на државните патишта во Република Македонија:
Од 01.07.2016 година (петок) почнува со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Временските интервали се следни:
петок : 17:00 – 22:00 часот,
сабота : 09:00 – 18:00 часот и
недела : 09:00 – 22:00 часот.
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Забрана за тешки товарни возила на магистрален пат А2 :
Од 01.07.2016 година (петок) почнува со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите.
Временските интервали се следни:
петок : 15:00 – 22:00 часот,
сабота : 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и
недела : 07:00 – 22:00 часот.