Македонската берза ја започнува оваа трговска седмица со незначителен раст на индексот МБИ-10 од 0,03 отсто кој заврши со вредност од 1.856,03 индексни поени, додека ОМБ забележа минимален пораст од 0,01 отсто.
Вкупниот промет изнесуваше 10,5 милиони денари, но дури 6,94 милиони или 65 проценти од овој промет беа реализирани со акциите на Макпетрол АД. Беше истргувано надпросечно количество за оваа хартија, и тоа 290 акции.
Од останатите хартии од вредност, промет над милион денари беше остварен и со обврзницата од петнаесеттата емисија со вкупно истргувани 28.000 лотови по просечна цена од 92,48 отсто од номиналната вредност.
Вкупно се тргуваше со само осум хартии од вредност при што соодносот меѓу победници и губитници беше изедначен, додека две хартии од вредност немаа промена во вредноста.
Најголем раст имаше акцијата на Топлификација АД, со 7,41 отсто, додека губитник на денот е акцијата на Инвестброкер Скопје со пад од над 26 отсто.