26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДаночните олеснувања ги привлекуваат странските купувачи на имот во Кипар

Даночните олеснувања ги привлекуваат странските купувачи на имот во Кипар

kipar imot 3535

Минатата година Келвин Кингсли се пресели од Велика Британија во Кипар. Тој купил на медитеранскиот остров куќа со четири спални и 4 бањи за 410.000 евра и потрошил над 100.000 евра за подобрувања (топло џакузи, лифт помеѓу спратовите и други објекти), пишува во репортажата на „Wall Street Journal“.

За неговата одлука да ја напушти Британија придонесуваат во голема мера и даночните олеснувања, кои дејствуваат во Кипар. Британските граѓани ги привлекува и можноста да добијат пасош од земја членка на ЕУ.

Кингсли поседува уште 75 имоти во Велика Британија. Лани Кипар усвои закон кој им овозможува на сите странци кои ќе поминат во земјата најмалку 183 дена во годината, да добијат дозвола за постојан престој и даночен број. Така Кингсли нема да плаќа данок на капитална добивка од продажба на имот на Островот. Данок тој ќе должи само за профитот, заработен по април 2015-та година, кога британската влада го промени оданочувањето на британските државјани кои живеат во странство.

Засега продажбата на имот во Кипар не успеваат да се опорави од наглите падови по кризата од 2008-ма година. Меѓутоа постојат знаци за стабилизација според „Royal Institute of Chartered Surveyors“ (RICS) од Лондон. Во првото тримесечје институтот предвиде 1,5% раст на цените на куќите на годишна основа. Просечната цена на дом во земјата е околу 100.000 евра.

Локалните купувачи остануваат ограничени во активноста поради се уште високата невработеност и тешкиот пристап до финансирање. Странските купувачи сепак играат се поголема улога во обновата на пазарот и особено купувачите од Велика Британија и Русија, сметаат локалните брокери.

На референдумот на крајот на јуни 52% од Британците ја поддржаа нивната земја да ја напушти Европската унија (ЕУ). Резултатите од гласањето уште не влијаеле јавно врз пазарот на недвижности во Кипар. Брокерите сепак предвидуваат дека малку повеќе британски купувачи ќе упатат барања за имот во земјата.

Во позадина на процесот на стабилизирање на економијата, минатата година владата на Кипар усвои привремена програма со која ќе ги намали даночните трошоци при трансакции со имот. Според портпаролот на кабинетот, таа најверојатно ќе продолжи да делува постојано.

Истовремено претстои донесување на закон со кој даноците за имот ќе бидат намалени со 75% во оваа година, а од 2017-та година не се предвидува примена на такви.

Кипар применува и шема за привлекување на инвеститорите во недвижности со пасоши. Група од до пет лица со инвестиција од најмалку 12,5 милиони евра – без разлика дали имот, бизнис, државни обврзници или други средства, можат да добијат кипарски пасоши. Индивидуални купувачи треба да направат инвестиција од најмалку 5 милиони евра.

Сепак, и покрај даночните олеснувања, предизвиците пред секторот на недвижностите во Кипар остануваат. Вишокот од домови се уште го запоставува пазарот во западниот дел на земјата, каде се уште се прават и добри попусти на цените. Брокерите даваат и пример за тројно пониска цена на трансакција – вила, барана сума од 3,3 милиони долари, била купена од Русин за 1,1 милиони долари.

Британските купувачи го преферираат регионот на Пафос, додека руските на Лимасол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП