18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтабилизирање на доларот по острите загуби поради слабиот раст на БДП-то

Стабилизирање на доларот по острите загуби поради слабиот раст на БДП-то

pari 35666

Американскиот долар денес донекаде се стабилизираше на меѓународните валутни пазари по најголемите седмични загуби во изминатите три месеца, додека растот на јапонскиот јен почна да подзапира, откако скокна за повеќе од 3 отсто, бидејќи јапонската централна банка не воведе порадикални поттикнувачки мерки.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на другите шест најзначајни светски валути најголеми трговски партнери на САД, зајакна за слаби 0,2 отсто, на 95,672 поени. Со тоа се задржа над најниското ниво во последните три ипол седмици од 95,384 поени, на кое се лизна во петокот по објавувањето на слабите податоци за американскиот бруто домашен производ (БДП).

Во таквата атмосфера на пазарите, доларот во однос на јенот зајакна за 0,5 отсто, на 102,54 јени, откако во петокот потона за повеќе од 3 отсто. Со еврото, пак, во понеделникот претпладнето се тргуваше по 1,1165 долари, што значи дека курсот му останал речиси ист во однос на завршувањето на тргувањето во петокот.

Минатата седмица американскиот долар ослабе за 2 отсто во однос на кошницата на водечките светски валути, поради изостанувањето на сигналите од минатонеделната седница на американската централна банка Federal Reserve (Fed) во врска со зголемувањето на каматните стапки во догледно време, како што се надеваа некои од учесниците на пазарите, и по објавувањето на слабите податоци за економскиот раст.

Американскиот БДП во вториот годинешен квартал, споредено со истиот период лани, е зголемен за 1,2 отсто, што е значително послабо од 2,6 отсто колку што во просек очекуваа вложувачите. Меѓутоа, аналитичарите велат дека новиот бран показатели од оваа седмица од американската економија, вклучително и клучниот извештај за вработеноста кој се очекува во петок, може да му дадат поддршка на доларот.

Кон крајот на седмицата во фокусот на пазарите ќе бидат клучните показатели од американскиот пазар на трудот. Економистите од анкетата на Reuters проценуваат дека во јули би можело да биле отворени 175.000 нови работни места, по 287.000 во јуни, додека стапката на невработеност би требало да се задржи на 4,9 отсто.

Ден претходно, во четврток, во центарот на вниманието на вложувачите ќе биде редовното месечно заседание на британската централна банка Bank of England (BoE). Според очекувањата на анектираните економисти од минатата седмица, банката би требало да ја намали клучната каматна стапка првпат од 2009 година, и тоа од 0,5 на 0,25 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП