3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКоја е најскапата храна во светот?

Која е најскапата храна во светот?

food1

Секоја стока во светот има свој купувач. Најчесто кога ќе слушнеме за цената на некое луксузно јадење се чудиме кој всушност купува нешто што е толку скапо, но и најскапите намирници во светот си го наоѓаат својот богат гурман.

Која е најскапата храна во светот?

1.Најскапа пица во светот е “Louis XIII” која ја нуди младиот италијански кувар Ренато Виола. Таа чини 8.300 евра. Нејзините состојки се моцарела, месо од бафало, три вида кавијар, црвени краби и јастог.

1-

2.Компирот од сортата “La Bonnotte” се смета дека лично го создал врховниот бог на Инките. Толку е нежен по својата структура што мора да се собира исклучиво рачно. Килограм од овој компир чини околу 500 евра.

2-

3.Најскапиот омлет во светот можете да го вкусите во ресторанот на њујоршкиот хотел “Le Parker Meridien”. Чини 1.000 долари. Освен јајца содржи иситнет јастог и кавијар.

3-

4.Најскапиот десерт во светот се служи во њујоршкиот ресторан “Serendipity 3″. Украсен е со позлатени лушпи и го служат во чаша украсена со злато и дијаманти. Овој луксуз чини 25.000 долари, а празната чаша може да си ја земете за спомен.

4-

5.Најскапото чоколадо во светот е “Chocopologie by Knipschildt” и се произведува во САД. За парче од 453 грама плаќате 2.600 долари.

5-

6.Најскапиот кавијар во светот не е црниот. Најскапиот е наречен “Almas” од Иран и претставува икри од албино-белуга. 100 грама икри спакувани во тегла од чисто злато чинат 2.000 долари.

6-

7.Најскапа печурка во светот е белиот тартуф. Овој специјалитет нема утврдена цена затоа што секое парче се продава на аукција. Во 2007 година тројца хонгконгшки магнати за 750 грама заедно платиле 209.000 долари.

7-

8.Најскап зачин во светот е шафран. Еден килограм чини 6.000 долари.

8-

9.Најскапо месо во светот е прочуеното јапонско мраморно говедско. Филе од 200 грама чини повеќе од 100 долари, а поубавите парчиња чинат 1.000 долари.

9-

10.Најскап орев во светот е макадамија. Годишно се произведуваат 40 тони макадамија. Килограм макадамија чини околу 40 долари.

10-

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП