Постојат професии кои не се толку вообичаени и чести и не бараат осумчасовно седење во канцеларија, а носат многу добра заработка.
Магазинот Форбс состави листа од необични, а многу добро платени работни места во 2013 година.
Продавач на хот дог
Просечна годишна заработка: од 30.000 до 100.000 долари.,
Личен купувач – личност која е најмена да ги набавува потребните работи поради недостаток на време на оние кои ја најмиле, најчесто од успешни деловни лица
Просечна годишна заработка: од 25.000 до 100.000 долари.
Менаџер за организација на погреби
Просечна годишна заработка: 79.930 долари.
Виртуелен Хедхантер (Headhunter) – лице кое ги пронаоѓа талентите кои им се потребни на големите компании
Просечна заработка: од 250 до 10.000 долари за пронајдено лице.
Советник за генетика – лице кое ги советува идните родители за нивното потомство и за одредените генетски пореметувања
Просечна заработка: 55.820 долари.
Модел во излог – личност која рекламира облека во излог и ги заменува куклите
Просечна заработка: од 20 до 1.000 долари за рекламирање на една колекција.
Забавувач на брод
Просечна заработка: од 3.000 до 4.500 долари месечно, плус сместување на брод.