23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕдинствениот адвокат во Северна Кореа престанува со работа

Единствениот адвокат во Северна Кореа престанува со работа

kor

Првиот и единствен адвокат во Северна Кореа, „Hay, Kalb & Associates”, ќе прекине со работа.

Се работи за заедничка компанија на севернокорејската држава и британско-францускиот државјанин Мајкл Хеј, која ги застапуваше странските клиенти во Пјонгјанг цели 12 години.

„Одлуката за престанување со работа е заснована на деловни и геополитички начела и донесена е по долго и темелно разгледување и континуирано испитување на меѓународните односи на Корејскиот полуостров“, објасни директорот на фирмата Хеј.

Според неговите зборови, поголемиот дел од клиентите се странски инвеститори од кои многу негативно се погодени со санкциите на Обединетите нации, но се верува дека севернокорејските фирми не се толку погодени од нив.

Официјалното сопирање на работата е предвидено за 14-ти август оваа година, на 12-годишнината од основањето на фирмата.

Според официјалниот попис во 2008 година во Северна Кореа има околу 8.000 правници, а повеќето работат за државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП