19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралната банка на Грција сака реформи во областа на нефункционалните кредити

Централната банка на Грција сака реформи во областа на нефункционалните кредити

centralna banka grcija 333

Владата на Грција ќе треба да преземе пет дополнителни активности за да се справи со проблематичните кредити во банкарскиот систем, соопшти грчката централна банка, цитирана од онлајн изданието на грчкиот весник „Kathimerini“.

На прво место централната банка инсистира за реформа на вонсудските спогодби за долговите, а на второ е за подобрување на инфраструктурата и пристап до специјализираната „know-how“ на судскиот систем.

Третата мерка е поврзана со финансиски консалтинг и обука на домаќинства и самоосигуруваните лица, а четвртата е со отпишувањето и банкарските провизии.

Како петто централната банка инсистира на воведување на посебни клаузули со кои ќе се обезбеди соработка на акционерите при стабилизирање на банките.

Според последните проекции на грчката централна банка нефункционалните кредити, кои се проценуваат на околу 100 милијарди евра, ќе продолжат да се зголемуваат во текот на оваа година.

Институцијата предупредува дека трендот за раст на заемите претставува огромен предизвик пред отпорноста на растот на економијата.

На крајот на првиот квартал процентот на проблематичните кредити во Грција надминува 45% од вкупниот обем на заемите, наспроти 44,2% на крајот на 2015-та година и 39,9% на крајот на 2014-та година поголемиот дел од нив се поврзани со купување на имот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП