17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на шведската економија продолжува да забавува

Растот на шведската економија продолжува да забавува

svedka

Растот на шведската економија продолжува да забавува во вториот квартал, што укажува дека порастот најверојатно го помина својот врв, пишува „Bloomberg“.

Прелиминарните податоци од Заводот за статистика покажуваат дека БДП-то расте со 0,3% на квартална основа, што е далеку под просечната стапка од 1,2% во минатата година и половина помалку од просечните очекувања на економистите анкетирани од „Bloomberg“.

На годишна основа шведската економија расте со 3,1%.

Растот во првиот квартал е ревидиран надолу од 0,5 до 0,4% на квартална основа.

„Економијата се забавила значително по крајот на минатата година, не успевајќи да ги оправда очекувањата на „Nordea Bank“ за 0,5% раст, како и на централната банка за 0,7% зголемување“, вели Торбјорн Исаксон, аналитичар во „Nordea Bank“.

„Главната причина за одложувањето е извозот, кој изгуби на интензитет. Фиксните инвестиции исто разочараа, но тоа изгледа е привремено. Благото забавување во потрошувачката на домаќинствата беше очекувано, но владините трошоци се покажаа изненадувачки високи“, вели тој.

Шведската круна ги искористува на невидените стимулации на централната банка, која со купувањето на државни обврзници и намалените каматните стапки под нулата, има за цел да ја заживее инфлацијата. Во меѓувреме, владата ги зголеми трошоците за да се справи со рекордниот прилив на имигранти. Иако Шведска може да тврди дека е една успешна приказна во Европа со еден од најсилните економски растови, порастот изгледа згаснува, коментира „Bloomberg“.

Извозот се намалува за 0,3% во вториот квартал во позадината на првиот и така брише 0,1 процентен поен од растот на БДП-то. Извозот на стоки се намалува за 1%, а извозот на услуги расте со 1,3%.

Корисничката доверба предвиде падови во последно време и во јули достигна најниско ниво од 2013-та година.

„Помалку од очекуваниот раст на БДП-то е предизвик за централната банка, бидејќи значи дека е помалку веројатно инфлацијата да се покачува и да го достигне целното ниво од 2%. Сепак, не очекуваме резултатите да доведат до дополнителни мерки за стимулации. Економијата на Шведска се уште се справува добро“, вели Исаксон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП