3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТри дена „Summer Beach Festival“ во Охрид

Три дена „Summer Beach Festival“ во Охрид

ohrid festival ee

Овој викенд, пред големиот македонски празник Илинден, Охрид е градот кој е центарот на сите музички случувања во Македонија.

Еден од тие настани е и „Summer beach festival”, тридневен фестивал кој ќе се одржи на плажата „Немо“, а ќе опфати дел од моментално најбараните артисти на Балканот.

Сабота е резервирана за Тајзи и Спејко со концерт во живо. За првпат пред публиката ќе се престават и со дел од новиот материјал.

На 31 јули настапува грчката диџеј атракција Bang La Decks, дуо кое ги освои светските топ листи со хитови во егзотичен џангл ритам. Нивните песни се дел од сетовите на AfroJack, Rehab, Benny Bennasi, Avicii. Во недела ќе имаат неколкучасовен сет на плажа „Немо“.

Понеделник е резервиран за српскиот хитмејкер Раста, кој руши рекорди на Јутјуб. Неговиот најнов сингл „Еуфорија“ за само неколку недели има 14 милиони прегледи. Регетон изведувачот Раста за првпат доаѓа во Охрид и ветува одлична забава со неговите најголеми хитови – „Кавали“, „Кавасаки“, „Хабиби“, „Мала“.

Блок карта за сите три вечери ќе може да се купи по цена од 600 денари. Картите во продажба може да се набават на градскиот плоштад во Охрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП