22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПекинг ги утврди новите анти-дампинг давачки на ЕУ за неосновани

Пекинг ги утврди новите анти-дампинг давачки на ЕУ за неосновани

kina eu 335

Кинеското Министерство за трговија ја опиша одлуката на Европската комисија (ЕК) да ги укине анти-дампинг давачки за кинеската страна како „неоснована заштита“, објавија кинеските медиуми.

Вчера Европската унија (ЕУ) наложи анти-дампинг давачки на увозот на челик од Кина, како дел од напорите да се спречи европските пазари да бидат поплавени од стоки со намалени цени.

Брисел и Пекинг водат неколку трговски спорови поврзани со обвинувањата дека Кина илегално ги поткопува цените и на тој начин ја загрозува работата на европските производители.

Во оваа врска ЕУ ги зајакна напорите за регулирање на пазарот на челик, на кој производителите се ставени под притисок поради светската криза предизвикана од намаленото производство во индустријата.

Кина е обвинувана дека ја влошува ситуацијата, нудејќи стока со нереално ниски цени и субвенции што им овозможува на производителите да продолжат да растат и покрај слабата побарувачка.

ЕК го истражува кинескиот извоз на челик од 2015-та година, откако доби поплаки од европските производители на челик.

Кинеските увозници веќе ќе плаќаат царини од 18,4% до 22,5%, а мерката ќе биде во сила пет години.

ЕУ веќе им наложи 37 заштитни трговски мерки при увоз на челични производи, а уште 15 истраги се во тек, посочуваат од ЕК.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП