28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната со трговски суфицит од 10,4 милијарди евра

Еврозоната со трговски суфицит од 10,4 милијарди евра

eu111111

Еврозоната во февруари оствари трговски суфицит од 10,4 милијарди евра, по рефидираниот јануарски дефицит од 4,7 милијарди евра, соопшти европската служба за статистика Еуростат.

Извозот на еврозоната во февруари се зголемил за 0,1 проценти во однос на јануари, додека увозот се намалил за 2,1 проценти, пренесува агенцијата Франс Прес.

Во рамките на Европската унија е остварен трговски суфицит од 1,8 милијарди евра во однос на ревидираните 16,8 милијарди евра кои беа забележани во јануари.

Според сезонски прилагодените податоци, извозот на ЕУ е намален за 0,1 процент во однос на јануари, додека увозот е намален за 2,3 проценти.

Економистот од компанијата „ИХС Глобал“ изјави дека подобрениот трговски биланс на еврозоната во февруари би можел да има позитивно влијание на бруто домашниот производ на еврозоната во првиот квартал од 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП