18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемена проценката за економскиот раст на Шпанија

Зголемена проценката за економскиот раст на Шпанија

shpanija-madrid

Властите во Мадрид ја зголемија проценката за економскиот раст на Шпанија за тековнатa година, и прогнозираа пад на невработеноста како во оваа така и во наредната година.

Шпанската влада соопшти дека економијата на Шпанија ќе порасне за 2,9 проценти во 2016 година, што е повеќе во однос на проектираниот раст од 2,7 проценти од април, пренесува агенцијата Франс прес.

Шпанското Министерство за економија прогнозираше и пад на невработеноста во оваа година на 18,6 проценти во однос на 20 проценти од вториот кварал, и потоа пад на 16,6 проценти во 2017 година.

Проекцијата за раст на БДП за 2017 година, сепак, е ревидирана надолу од првичните 2,4 проценти на 2,3 проценти.

Ревидираните економски проекции се објавени само неколку часа откако шпанската статистичка агенција објави дека економскиот раст на земјата благо забавил во вториот квартал.

Имено, БДП на Шпанија во тој период пораснал за 0,7 проценти во однос на растот од 0,8 проценти во првите три месеци од оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП