11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради сообраќајка отежнат сообраќајот на патот Гевгелија-Демир Капија

Поради сообраќајка отежнат сообраќајот на патот Гевгелија-Демир Капија

tunel33999

Поради сообраќајна незгода на патниот правец Гевгелија – Демир Капија кај тунелот Демир Капија, каде сообраќајот беше во прекин повеќе од два часа, од 00.20 часот истиот се одвива наизменично по една коловозна лента и во колона.

Затоа од АМСМ препорачуваат исклучително внимателно управување со возилата.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поради високите температури препорачуваме патување во раните утрински и вечерни часови. Правете почести одмори и конзумирајте повеќе безалкохолни пијалоци.

Се уште важи времениот режим на сообраќај за тешки товарни возила во летниот период забрана за тешки товарни возила на државните патишта во Република Македонија:

Од 01.07.2016 година (петок) почнува со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Временските интервали се следни:
петок : 17:00 – 22:00 часот,
сабота : 09:00 – 18:00 часот и
недела : 09:00 – 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Забрана за тешки товарни возила на магистрален пат А2: Од 01.07.2016 година (петок) почнува со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите.

Временските интервали се следни:
петок : 15:00 – 22:00 часот,
сабота : 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и
недела : 07:00 – 22:00 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП