1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: Сопствениците на депозити над сто илјади евра во Кипар ќе претрпат...

ЕК: Сопствениците на депозити над сто илјади евра во Кипар ќе претрпат загуби од 8,3 милијарди евра

bank-of-cyprus-russian-money

Сопствениците на големи депозити во двете водечки банки на Кипар се очекува да претрпат загуби во износ од 8,3 милијарди евра во периодот на реализацијата на антикризниит план, изработен од Еврогрупата, соопшти Европската комисија.

Под големи депозити на островот се подразбираат суми од над сто илјади евра, кои се сметаат за неосигурани според европското законодавство.

Документот на Еврогрупата за Кипар бил со датум од 12 април и ознака „конечна варијанта“. Во него се нагласува дека финансиските потреби на Кипар за периодот 2013-2016 година изнесуваат 23 милијарди ерва, од кои 13 милијарди земјата е должна да ги обезбеди од внатрешни извори, а 8,3 милијарди евра ќе дојдат од големите неосигурани депозити во двете банки – Народната банка и Банката на Кипар.

Меѓународната рејтинг агенција Мудис вчера предупреди дека на Кипар му се заканува банкрот и напуштање на еврозоната, независно од договорот со Еврогрупата за доставување помош од десет милијарди евра во замена за преструктуирање на двете главни банки и воведување антикризни мерки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП