6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: TTIP е наш апсолутен интерес

Меркел: TTIP е наш апсолутен интерес

меркелос

Германската канцеларка Ангела Меркел застана во одбрана на склучувањето на трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кој, како што истакна, апсолутно е во интерес на Европа.

Отфрлајќи ги критиките на германската индустриска групација BDI дека политичарите не прават доволно за да го поддржат договорот за Трансатлантското трговско и инвестициско партнерсто (TTIP), Меркел изјави дека TTIP е апсолутно значаен и е апсолутно во интерес на Европа“, пренесува агенцијата АП.

Шефот на BDI Улрих Грило на почетокот на оваа недела ја обвини владата во Берлин за недавање на доволна поддршка на TTIP. Европските претставници се на удар на критики од бројните противници на TTIP- а особено во Германија и Франција.

TTIP е скроен како инвестиционен договор на 21-от век, кој е фокусиран на усогласување на прописите и стандардите, намалување на бариерите на планот на инвестиции, на овозможување на пристап до владините договори, но и на заштита на правата на потрошувачите, наведува агенцијата Франс прес.

Од двете страни на Атлантикот, сепак, расте отпорот кон овој договор, бидејќи кртичарите се сомневаат во бенефитите на отворената трговија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП