3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсновачот на Amazon третиот најбогат човек на светот

Основачот на Amazon третиот најбогат човек на светот

dzef

Основачот и претседател на управата на Amazon, Џеф Безос, е третиот најбогат човек на светот во моментов, објави списанието Forbes, истиснувајќи го од таа позиција Ворен Бафет, според рејтингот на агенцијата Bloomberg.

Џеф Безос поседува 18 отсто од акциите на Amazon, чијашто вредност во четвртокот порасна за 2 отсто. Forbes го проценува неговото богатство на 65,05 милијарди долари.

Побогати од него се само соосновачот на Microsoft, Бил Гејтс, чиешто богатство Forbes го проценува 78 милијарди долари а една седмица претходно Bloomberg го процени на 89,1 милијарди долари, и Амансио Ортегата основачот на компанијата и Inditex, сопственик на модните брендови Zara, Massimo Dutti, со богатство од 73,1 милијарди долари според Forbes или 73,4 милијарди долари според Bloomberg.

Според Bloomberg, богатството на Ворен Бафет во периодот од 20-ти јули 2015 до 20-ти јули 2016 година, се намалило за 754,2 милијарди долари, на 65 милијарди долари, а на Џеф Незос загубил во истиот период 136 милиони долари и изнесува 65,05 милијарди долари. Од почетокот на годинава Безос заработил 5,4 милијарди долари (+9 отсто), а Бафет 2,7 милијарди (+4,4 отсто).

Џеф Безос е роден во Албакерки во Ново Мексико во 1964 година. Студирал на Универзитетот Принстон и работел на Волстрит, а во 1994 година го покрена Amazon како интернет продавница за книги која многу брзо се прошири. Во 2013 година го купи дневниот весник The Washington Post.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП