4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon го надмина Facebook според пазарната капитализација

Amazon го надмина Facebook според пазарната капитализација

amazon35599

Онлајн продавницата Amazon во текот на тргувањето во петокот успеа да се пробие во првите пет американски компании според пазарната капитализација, надминувајќи ја притоа најголемата социјална мрежа на светот Facebook, пренесува агенцијата MarketWatch.

Во петокот вечерта акцијата на Amazon поскапе на берзата NASDAQ за 1,2 отсто, на 761,63 долари, зголемувајќи ја пазарната вредност на компанијата на 366,98 милијарди долари, додека акцијата на Facebook од составот на високотехнолошкиот индекс поевтинила за 0,03 отсто на 124,96 долари, а пазарната вредност на компанијата се симнала на 362,26 милијарди долари.

Во четвртокот, по објавувањето на финансиските резултати, акцијата на Facebook порасна до рекордното нив, зголемувајќи ја пазарната вредност на социјалната мрежа на 367 милијарди долари, што ја направи повредна од Berkshire Hathaway, корпорацијата на Ворен Бафет, којашто дотогаш го заземаше петтото место според пазарната капитализација меѓу американските компании.

Во петорката најголеми компании во САД според пазарната вредност, во моментов покрај Amazon, влегуваат и Apple со 569 милијарди долари, Alphabet Inc., компанијата во чијашто сопственост е Google – со 545 милијарди долари, Microsoft Corp. со 444 милијарди долари и Exxon Mobil Corp. со 364 милијарди долари.

Според деловниот извештај на Amazon, во првата половина од 2016 година нето добивката на годишно ниво се зголемила за 39 пати, до 1,370 милијарди долари. Заработката по акција изнесувала 2,84 долари наспроти 0,07 долари за првите шест месеци од минатата 2015 година. Обемот на продажбата на компанијата се зголемила за 29,6 отсто, на 59, 532 милијарди долари.

На крајот од вториот годинешен квартал, профитот на Amazon изнесувала 857 милиони долари, што е за 9,3 пати повеќе од истиот показател за второто тримесечје од 2015-та. Заработката по акција во овој период изнесувала 1,78 долари, наспроти 0,19 долари една година претходно. Продажбата на компанијата во трите месеца изнесувала 30,404 милијарди долари, што претставува раст од 31,1 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП