2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБран на објавување полугодишни финансиски извештаи од работењето на компаниите

Бран на објавување полугодишни финансиски извештаи од работењето на компаниите

berza-makedonija-makedonska-berzi

По објавувањето на полугодишните финансиски извештаи од страна на Комерцијална Банка АД Скопје во четвртокот, на официјалната страница на Мекедонската берза за хартии од вредност, во петокот беше најликвидна хартија со која се оствари промет од 13,9 денари преку 6.072 истргувани акции, од кои 5.800 акции беа истргувани преку една блок трансакција.

Согласно финансиските резултати од консолидираниот извештај, вкупната добивка за првата половина од 2016 година изнесува околу 200 милиони денари.

НЛБ Банка АД Скопје прикажа добивка од 575 милиони денари за првото полугодие од 2016 година, што претставува пораст во профитот на компанијата споредбено со минатата година кога истата изнесуваше 509 милиони денари.

Своите финансиски резултати од полугодишното работење, денес ги објави и Алкалоид АД Скопје, во кои прикажа вкупна полугодишна добивка од 326 милиони денари. Споредбено со истиот период минатата година, кога компанијата забележа добивка од 301 милион денари, компанијата продолжува со позитивен тренд на пораст на добивката.

Индексот МБИ10 и денеска во пораст за 0,30 проценти и изнесуваше 1.855,39 индексни поени додека индексот ОМБ остана непорменет поради отсуството на обврзниците на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП