22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодишната стапка на инфлацијата во еврозоната во јули пораснала за 0,2 отсто

Годишната стапка на инфлацијата во еврозоната во јули пораснала за 0,2 отсто

eurostat 335

Годишната стапка на инфлацијата во еврозоната во јули е зголемена на 0,2 отсто, задржувајќи се така втор месец по ред во позитивното подрачје, покажаа првите проценки на Еуростат.

Потрошувачките цени, мерени со хармонизираниот индекс, годинава во јули пораснале за 0,2 отсто во споредба со истиот месец лани, по 0,1 отстотниот раст во јуни. Во мај на ниво на еврозоната е забележан пад на цените од 0,1 отсто, покажа денес објавениот извештај на Еуростат.

Годишната стапка на инфлација е значително пониска од проектираното ниво од страна на Европската централна банка, од речиси два отсто.

Основната инфлација, ако се исклучат цените на енергенсите, храната, алкохолните пијалаци и тутунот и тутунските производи, во јули изнесувала 0,9 отсто, како и во претходниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП