4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБрендот- фактор за избор на компанија

Брендот- фактор за избор на компанија

brand-660x330

Повеќето од половината кандидати на глобално ниво (56%) велат дека брендот и репутацијата на работодавецот денес се поважни отколку пред пет години. Најголемо значение на брендот, при донесување на одлуки за кариерата, му придаваат Милениумците, на возраст од 25-34 години.

Најголем процент на кандидати водени од брендот има Кина – 28 %, додека Австралија и Велика Британија имаат 21 % – кандидати кои се идентификувани како „водени од брендот“. Во САД 18 % од кандидатите брендот на работодавците го сметаат за многу значителен фактор, а во Мексико 17 %.

Осум од 10 кандидати на глобално ниво изјавиле дека „довербата работодавец-вработен“ е најважниот аспект на брендот. Исто така се согласни и кога станува збор за веродостојноста на изворот на информации за брендот на одредена компанија. Една третина од кандидатите ги наведе сегашните вработени во компанијата како најверодостоен извор на информации. Покрај моменталните вработени многу се важни и веб сајтот на компанијата, сајтот за рецензии, социјалните мрежи, статиите во весниците, колегите кои повеќе не се вработени во компанијата и регрутерите како извор на инфорамации.

Кандидатите водени од брендот користат технологија, социјални медиуми и личното искуство со цел попрецизно да ги детектираат основните вредности на компанијата и нивото на нејзината автентичност. За глобалните корпорации и другите компании убедливиот бренд е поважен од било кога.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП