26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНикој повеќе нема да може да ги сокрие парите во Швајцарија, богатите...

Никој повеќе нема да може да ги сокрие парите во Швајцарија, богатите бараат ново засолниште

435409830579b0f604729a566476794_w640

Швајцарија, како приватен банкарски рај ќе го загуби своето значење откако земјата ќе ја зголеми транспарентноста околу даноците.

Да, таа земја повеќе нема да биде мека на банките предупреди индискиот милијардер Гопичанд Хиндуја, кој е и сопственик на една приватна банка со седиште во Женева.

Најбогатите луѓе веќе се завртуваат кон земјите како што се Дубаи, Катар и Сингапур и таму ги чуваат своите средства, бидејќи Швајцарија се повеќе ја губи титулата на засолниште, изјави банкарот.

„Луѓето бараат ново засолниште. И не мислам дека Швајцарија може да го задржи своето влијание и значение во банкарството какво што тоа беше“, изјави Хиндуја.

Швајцарија и Европската унија потпишаа историски договор со кој ќе ја зголемат транспарентноста на паричните текои и ќе го зајакнат спречувањето на даночни затајувања.

И двете страни од 2018 година автоматски ќе разменуваат информации за банкарските сметки на своите граѓани. Тој договор практично значи крај на швајцарските банкарски тајни за граѓаните на Европската унија, што на затајувачите на данок ќе им ја запре можноста за криење на парите на сметките во Швајцарија, што беше вообичаена пракса.

Хиндуја е еден од четирите браќа милијардери сопственици на „Hinduja Group“, а банката е поврзана со финансирањето на автомобилската индустрија, медиумите, енергетиката…. на пет континенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП