20 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДонесен ребалансот на Буџетот за 2016-та

Донесен ребалансот на Буџетот за 2016-та

denari isplata

Собранието со 55 гласа „за“ и 23 „против“ го донесе ребалансот на Буџетот за 2016 година.

За буџетот не гласаа пратениците од опозицијата. Во рамки на неколкудневната општа расправа по предлогот пратениците од СДСМ и други опозициски пратеници истакнаа дека не се согласуваат со предложениот ребаланс зашто во него е содржана и еврообврзницата која, според нив, е незаконски издадена.

Ребалансот на Буџетот предвидува намалување на вкупните приходи од 177.292.000 денари на 174.291.000 денари и на вкупните расходи од 196.276.000 денари на 195.472.000 денари.

Дефицитот е ревидиран од 18.984.000 денари на 21.181.000 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП