Од 27-ми август Македонија и Бразил заемно ќе ги укинат визите за деловни и за туристички патувања, а визната либерализација ќе се однесува за престој до 90 дена во период од 180 денови.
Размената на дипломатските ноти со кои се дава ослободувањето од краткорочни визи меѓу Бразил и Македонија ја извршија шефот на бразилската дипломатијата, Карлос Алберто Симас Магелиес, и амбасадорот на Република Македонија во Бразил, Ивица Боцевски.