12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВнимателно тргување на Волстрит

Внимателно тргување на Волстрит

wall stre 33

На Волстрит во четврток се тргуваше внимателно бидејќи деловните резултати на компаниите не се импресивни, освен во технолошкиот сектор, а инвеститорите се внимателни и заради можната одлука на Федералните резерви(Фед) за зголемување на каматите до крајот на годината.

Dow Jones ослабе 0,09 отсто на 18.456 бодови, додека S&P 500 зајакнал 0,16 отсто на 2.170 поени, а Nasdaq 0,3 отсто на 5.154 бодови.

Индексите во четврток не осцилираа многу, бидејќи инвеститорите се внимателни откако Dow Jones и S&P 500 индексите кон половината на месецот ги достигнаа највисоките нивоа во историјата, иако деловните резултати на компаниите не се премногу добри.

Покрај тоа Фед не ја исклучува можноста за зголемување на каматите до крајот на годината.

До неодамна се сметаше дека заради пореметувањата на финансиските пазари, по одлуката на Британците за напуштање на ЕУ, Фед ќе го одложи зголемувањето на каматите до следната година.

Но, Фед во среда порача дека краткорочните ризици по економијата се намалени, што на пазарот беше сфатено како сигнал дека е можно зголемување на каматите во декември, а можеби и порано на есен. Тоа не оди во прилог на берзите.

Инвеститорите ги поколеба и податокот дека минатата недела бројот на барања за помош на невработените пораснал повеќе од очекуваното, што би можело да значи дека слабеат поволните ветришта на американскиот пазар на трудот.

Покрај тоа, инвеститорите се внимателни бидејќи кварталните деловни резултати на компаниите не се импресивни.

Ford објави податоци за послаби од очекуваните резултати во второто тромесечје и порача дека повеќегодишното закрепнување на автомобилската индустрија е при крај. Заради тоа цената на акцијата на Ford потона за повеќе од осум отсто, додека акциите на General Motorsa и Fiat Chrysler поевтиниле меѓу 3,2 отсто и 4,7 отсто.

Во досегашната сезона на објавување на квартални финансиски извештаи повеќето компании објавија податоци за нешто подобри резултати од очекувањата. Сепак, очекувањата беа поставени многу ниско, па на компаниите не им беше тешко да ги надминат.

Аналитичарите проценуваат дека заработките на компаниите од составот на S&P 500 индексот во изминатото тромесечје паднале три отсто во однос на истиот период минатата година, па според сѐ, приходите ќе паднат четврт квартал по ред.

И додека резултатите на компаниите во повеќето сектори се анемични, технолошкиот сектор импресионира.

Откако претходните денови Apple и Facebook објавија резултати подобри од очекуваните, во четврток и резултатите на Alphabet и Amazon ги надминаа очекувањата на аналитичарите.

Цените на акциите на Apple, Amazon, Facebook и Alphabet пораснаа меѓу 1,3 отсто и четири отсто.

„Технолошкиот сектор е најсилен последните месеци, па е во фокусот на купувачите“, рече директорот во компанијата U.S. Global Investors, Мајкл Матоузек.

Цените на акциите паднаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индексот ослабе на 0,44 отсто на 6.721 бод, додека франкфуртски DAX се лизна 0,43 отсто на 10.274 поени, а париски CAC 0,59 отсто на 4.420 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП