25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW го лансира новиот бренд Zinoro

BMW го лансира новиот бренд Zinoro

zinoro

„BMW“ и кинескиот партнер „Brilliance“ постигнаа договор за лансирање на нов бренд на кинескиот пазар кој ќе се вика „Zinoro“. Овој бренд ќе биде во сопственост на заедничката компанија која веќе произведува модели на „BMW“ за кинескиот пазар.

„Zinoro“ ќе се фокусира на економичните решенија и би требало да почне со работа во ноември, а потоа ќе следи претставување на првиот електричен модел кој според информациите би требало да биде кросовер.

Претставувањето на брендот „Zinoro“ доаѓа во момент на големиот раст на кинескиот пазар на електрични и хибридни автомобили, откако претходно беше претставен брендот „Denzа“, електричен автомобил кој исто така е производ на заедничката компанија на „Mercedes-Benz“ и „BYD“, како и „Venucia“ (производ на „Nissan“ и “Dongfeng“).

Членот на управниот одбор на „BMW“, Фридрих Ајхнер изјавил дека Кина е на вистински пат да премине на електрични автомобили, иако се очекува дека ќе биде потребно многу време за заменување на конвенционалните бензински и дизел мотори.

„Zinoro“ ќе има свој самостален дистрибутивен канал и без поврзаност со „BMW“. Доколку оваа соработка се покаже за успешна „BMW“ и „Brilliance“ ќе ги продаваат своите модели и на други пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП