17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Шпанија на најниско ниво

Невработеноста во Шпанија на најниско ниво

spanac3353

Невработеноста во Шпанија падна до најниско ниво од пред речиси шест години.

Според „Bloomberg“ тоа е нов знак дека економијата се движи напред, дури и кога политичарите не успеваат да формираат влада, која ќе стави крај на невиден 7-месечен политички ќор-сокак.

Во вториот квартал невработеноста паѓа до 20%, покажуваат најновите податоци на Националниот статистички институт. Тоа е намалување од 21%, регистрирани во првиот квартал. Овој резултат беше подобар од прогнозите на испитаниците од агенцијата кои очекуваа 20,3%.

Општо земено бројот на Шпанците, кои излегле од пазарот на трудот, се намалува со 216,7 илјади. лица до 4,57 милиони. Во кварталот, што обично се карактеризира со вработувањата со почетокот на туристичката сезона, како и со периодот на распродажби во секторот на трговијата на мало.

Во последните 12 месеци шпанската економија создала нови 434,4 илјади работни места, откако обновата продолжува и покрај политичката несигурност која ја обзеде нацијата по двата парламентарни избори во рок од половина година.

Откако преговорите за формирање влада достигнаа ќорсокак, кралот Филип ќе се сретне со лидерите на главните политички партии денеска, вклучувајќи со службениот премиер Маријано Рахој. Монархот бара подобар начин на кој кандидатот да формира мнозинство и ја заработи довербата на гласањето, потребено за да стане премиер, а и за да се стави крај на политичкиот ќор-сокак.

Рахој веќе рече дека ќе ја одбие поканата на кралот за формирање влада, ако не се потпира на доволна поддршка од страна на опозициските партии, што ја гарантира неговата победа на гласањето на доверба.

Без влада изникнуваат бројни предизвици за Шпанија. Часовникот отчукува за донесување на буџетот за следната година пред крајниот рок од 30-ти септември. Мадрид допрва треба да ја утврди горната граница на трошоците, што е прв чекор за усвојување на буџетот.

И покрај пречките, службената влада очекува економијата да порасне за 2,9% во оваа година во однос на претходната проценка од 2,7 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП