3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

latestnews

Подгорица – На бирото за труд во Црна Гора сега се пријавени 33.110 лица, а стапката на невработеност во таа држава изнесува 14,27 отсто, соопштено е од Заводот за вработување. Најголема стапка на невработеност во Црна Гора од 32,7 отсто забележана е во јули 2000 година, додека најниската од 10,1 отсто регистрирана е во август 2009 година. Заводот од почетокот на годината евидентираше 2.562 нови вработени, а издадени се 4.997 работни дозволи за странци.

Сараево – Директорот на сараевскиот Енергоинвест Енес Ченгиќ изјави дека крајот на минатата година на таа компанија донел профит од околу 100 милиони евра. Ченгиќ истакна дека Енергоинвест има проблем со претходните долгови, како и дека компанијата е оптоварена со разни побарувања и релативно лоша кадровска структура во одредени сегменти, но дека на крајот на 2012 година добила речиси најмногу работа од сите фирми на Балканот и големи договори. – Во Албанија добивме работа вредна над 30 милиони евра, потоа во Ирак, Етиопија, Алжир, каде договоривме работа вредна 16 милиони евра. Енергоинвест, со својата компанија во Мексико е меѓу четири најголеми фирми кои се бават со производство на високонапонски прекинувачи – истакна Ченгиќ.

Москва – Советот на директори на Гаспромњефт препорача за исплата на дивиденда за минатата година да издвои 25 отсто од консолидираниот приход на компанијата, што изнесува 44,09 милијарди рубљи (1,1 милијарди евра), соопшти компанијата. Тоа е околу една третина повеќе од што е исплатено за 2011 година. Советот на директори ја усвои и информацијата за исполнување на инвестициската програма и буџетот на Гаспромњефт за 2012 година, според кој обемот на производството лани е зголемен за 4,3 отсто, во однос на 2011 година.

Брисел – Еврозоната во февруари оствари трговски суфицит од 10,4 милијарди евра, по ревидираниот јануарски дефицит од 4,7 милијарди евра, соопшти европската служба за статистика Евростат. Извозот на еврозоната во февруари порасна за 0,1 отсто во однос на јануари, додека увозот паднал за 2,1 отсто. Во целата ЕУ остварен е трговски суфицит од 1,8 милијарди евра во споредба со јануарските ревидирани 16,8 милијарди евра.

Париз – Европската авионска компанија ЕАДС, во чиј состав се наоѓа француската Ербас, преговара со француската влада за откуп на 1,56 отсто акции, со што во државниот буџет ќе се слеат 486 милиони евра. Во ЕАДС истакнуваат дека разговорите се фокусирани на откупот на акции на ЕАДС за кои француската влада веќе се согласила да ги продаде во рамки на планот за намалување на влијанието на власта во авионската корпорација.

Берлин – Германскиот енергетски концерн РВЕ го продаде својот удел во конзорциумот за изградба на гасоводот Набуко, соопшти претставник на компанијата. Според него, уделот на РВЕ во почетокот на март го презема австриската нафтена компанија ОМВ, но вредноста на трансакцијата како што пренесоа медиумите, не е објавена. Во проектот, покрај австрискиот концерн учествуваат енергетски компании на Бугарија, Унгарија, Романија и Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП