9 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвеститорите внимателни по пораките на Фед

Инвеститорите внимателни по пораките на Фед

berza 44

Цените на акциите на Волстрит останаа во среда речиси непроменети, додека на европските берзи пораснаа, а инвеститорите на внимателност ги наведоа навестувањата дека американската централна банка оваа година сепак би можела да ги зголеми каматните стапки.

Dow Jones и S&P 500 ослабеа незначително на 18.472 бодови, односно 2.166 поени. Nasdaq индексот зајакна 0,58 отсто на 5.139 бодови.

Лондонски FTSE индексот зајакна 0,39 отсто на 6.750 поени, додека франкфуртски DAX порасна 0,7 отсто на 10319, а париски CAC 1,19 отсто на 4.446 бодови.

По дводневната седница, челниците на американската централна банка Федерални резерви(Фед) одлучија да ги остават клучните камати непроменети, што се очекуваше.

Но, порачаа дека краткорочните ризици по американската економија се намалени, што ги вознемири инвеститорите бидејќи би можело да значи дека Фед сепак ќе ги зголеми каматите до крајот на годината.

„Соопштението на Фед е поконструктивно по прашањето на економијата. Се чини дека оваа година следува зголемување на каматите, најверојатно кон крајот на годината“, рече потпретседателот на фирмата Franklin Templeton, Мајк Матерасо.

До скоро се сметаше дека заради пореметувањата на финансиските пазари, по одлуката на Британците за напуштање на Европската унија(ЕУ), Фед ќе го одложи зголемувањето на каматите до следната недела.

Но, со оглед дека растот на американската економија последните месеци забрзува, по забавувањето во првото тромесечје, растат шансите и за зголемување на каматите во декември. Тоа не оди во прилог на берзите, па инвеститорите се внимателни.

Внимателни се и заради тоа што Dow Jones и S&P 500 индексите се движат на највисоките нивоа во историјата, иако деловните резултати на компаниите не се импресивни.

Во досегашната сезона на објава на финансиските извештаи повеќето компании известија за нешто подобри резултати од очекуваното. Но, очекувањата беа поставени многу ниско, па на компаниите не им е тешко да ги натфрлат.

Во шест од десет сектора на S&P 500 индексот цените на акциите паднаа, предводени од секторот за стока за широка потрошувачка со пад од 1,4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП