19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТежок удар за Ирска, намалена проценката за економскиот раст

Тежок удар за Ирска, намалена проценката за економскиот раст

irska2

Централната банка на Ирска ја намали проценката за економскиот раст на земјата за оваа и наредната година поради одлуката на Велика Британија да излезе од Европската унија.

Оттаму наведуваат дека полниот ефект од Брегзит ќе зависи од деталите за идниот договор на Лондон и Брисел.

Централната банка проекцијата за раст на бруто домашниот производ (БДП) Ирска за оваа година се намали на 4,9 проценти од претходно прогнозираните 5,1 проценти, а за наредната година на 3,6 проценти од претходните 4,2 проценти, пренесува агенција Франс прес.

„Блиските односи на ирската и британката економија се причина за поголемата изложеност на ирската економија на Брегзит. Економското влијание на Брегзит на Ирска, краткорочно и долгорочно гледано, би требало да биде негативнo и значително“, се наведува во кварталниот билтен на ирскатa централна банка, прв по одлуката на Британија да ја напушти ЕУ.

Банката, исто така предупреди на „можен подолг период на зголемена неизвесност и ризик“ во текот на траењето на преговорите меѓу Британија и ЕУ.

„Tрговските перспективи веројатно ќе бидат најтешко погодени од Брегзит, со оглeд на изгледите за слаба побарувачка и зголемена неизвесност“, се додава во билтенот.

Растот на извозот, според проекциите на банката, ќе изнесува 6,4 проценти во оваа, за во 2017 година да забави на 4,5 проценти.

Британија е најголемиот трговски партнер на Ирска во неколку клучни сектори, меѓу кои е и земјоделството. Во Британија одат околу 52 проценти од ирското говедско месо, 60 проценти од кашкавалите и 84 проценти од извозната живина.

Речиси 200.000 лица во Ирска живеат од извозот на своите производи во Британија, наведува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП