2 мај, 2024
ПочетнаНЕ ПРОПУШТАЈТЕFujitsu разви технологија која хартијата ја претвора во touchscreen

Fujitsu разви технологија која хартијата ја претвора во touchscreen

Fujitsu-touchscreen-interface-for-paper

Компјутерите, таблетите и паметните телефони може да бидат чуствителни на допир, но изгледа доаѓа времето кога нешто слично ќе биде и со хартијата.

„Fujitsu“ разви технологија која го детектира вашиот прст дека допира некој објект во вистинскиот свет, како на пример лист хартија и го претвора во екран чуствителен на допир.

„Овој систем не користи посебен хардвер. Се состои само од уред налик на обична веб-камера и проектор. Неговите можности се засновани на технологијата за обработка на слика“, објасни Таичи Мурасе, истражувач од компанијата „Fujitsu“.

Во видео презентацијата може да се види како некој може да манипулира со податоците на листот хартија со помош на прстот. Можете да копирате текст или слика и да ги сочувате во меморијата.

Освен на рамни површини технологијата функционира и на заоблени или нерамни површини, така да можете да работите и со податоци од некоја книга или слично.

Иако технологијата е се уште во развој, истражувачите од компанијата планираат да направат и комерцијална верзија која ќе биде пуштена во продажба до крајот на 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП