5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 50% од станарите на Островот превземаат чекор да станат сопственици

Над 50% од станарите на Островот превземаат чекор да станат сопственици

kuki vb3

Повеќе од половина од станарите во Велика Британија одлучиле или размислуваат да се преселат во друг град со цел купување на дом. Ова го покажуваат податоците од истражувањето на Националната асоцијација на сопственици на Островот, цитирани од онлајн изданието „propertywire.com“.

Околу 27% од станарите кои учествувале во студијата, се во процес на преселба, а други 29% ја разгледуваат таа опција. Вкупно 44% од испитаниците изјавиле дека сепак не би се преселиле во друг град, дури и ако тоа значи дека ќе можат да си дозволат сопствен дом.

Станарите во Лондон се најмногу отворени кон идејата за напуштање на градот – вкупно 87% изјавиле дека во моментов се во процес на преселба или размислуваат за такво нешто, за да можат да станат сопственици.

Податоците покажуваат уште дека 47% од испитаниците можат да си дозволат почетен депозит за свој дом, а други 22% не се квалификуваат за хипотека.

Според асоцијацијата, приватниот сектор на немнини останува клучен дел од станбениот пазар во Велика Британија. Според членовите на организацијата владата треба да направи повеќе за оние кои имаат лошо искуство со некоректни сопственици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП