За разлика од вторничниот трговски ден кога обврзниците го диктираа прометот на Македонската берза, во средата трговскиот ден мина без присуство на обврзниците. Фокусот на инвеститорите беше во акциите, или поконкретно, акцијата на Скопски Пазар.
Со оваа акција преку 505 истргувани лота беше реализиран промет од скоро 5 милиони денари. Сите останати акции со кои се тргуваше остварија промет под еден милион денари.
Скромни 35 трансакции беа реализирани. Најголем пораст оствари акцијата на Охридска Банка АД Скопје (+9,96 отсто), додека најголем пад забележа акцијата на Гранит АД Скопје (-0,89 отсто).
Индексот МБИ10 порасна за 0,28 проценти и изнесуваше 1.841,97 индексни поени додека индексот ОМБ остана непорменет.