Европската унија (ЕУ) е во насловите на сите медиуми во последниот месец поради одлуката на Велика Британија да ја напушти заедницата. Секторот на имоти се фокусира на она што ќе значи гласањето на Островот за пазарот, како во земјата, така и во ЕУ како целина, пишува онлајн порталот „TheMoveChannel.com“.
Клучното прашање, кое ги движи инвестициите во имот, сепак, е друго, посочува весникот. Инвеститорите сакаат да знаат каде цените паѓаат и каде растат, како и со какво темпо.
Порталот има направено распоред на пазарите во ЕУ врз основа на податоците на Еуростат за пазарот, кои се прилагодени со инфлацијата.
Последните податоци покажуваат дека цените во ЕУ во вториот квартал се зголемени за 4 отсто на годишна основа и за 0,7 отсто за кварталот.
Лидери според годишен раст на цените се Унгарија со 15,2%, Австрија со 13,4% и Шведска со 12,5%.
Падови се забележани во Италија и Кипар – со 1,2% на годишна основа.
Во споредба со претходниот квартал најголемите зголемувања се регистрирани повторно во Унгарија – 5,2%, Австрија – 4,2%, и во Романија – 3,3%.
Кипар води според падот од 3,4 отсто, следен од Малта со 2,8 отсто.
При мапирање е полесно да се забележат пошироките трендови меѓу земјите членки на ЕУ.
Унгарија и Австрија видливо уживаат во период на силен раст, а Романија се открива како нова жешка точка за инвеститорите во оваа година, смета весникот. Добри се изгледите и пред пазарите на Шпанија и Португалија.
Истовремено во Велика Британија – една од најбараните дестинации од инвеститорите во имот, веќе се забележува забавување на станбениот пазар поради несигурноста околу „Brexit“.