20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWizz Air ви овозможува 20% попуст за сите летови за сите дестинации...

Wizz Air ви овозможува 20% попуст за сите летови за сите дестинации во Wizz мрежата

popust wizz 3

Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа и лидер на авио-пазарот во Македонија, денеска го објави својот еднодневен промотивен попуст од 20% на цената по седиште*, за сите резервации на летови кои ќе бидат направен денес, 27 јули, до полноќ. Попустот важи за сите резервации направени денес и се однесува на било која од од 124-те WIZZ дестинации*.

Во Македонија, Wizz Air нуди вкупно 25 правци до 11 земји од своите два аеродроми во Скопје и Охрид, обезбедувајќи пристап од земјата до Европа и пошироко, овозможувајќи бизнис и останати патувања.

Wizz Air неодамна ја најави новата македонска рута од Скопје до Хановер, главниот град на сојузната покраина – Долна Саксонија во Германија, која ќе започне од 31 октомври.

Tamara Vallois, менаџер за комуникации на Wizz Air изјави:

„Среќни сме што ќе ги изненадиме нашите лојални македонски корисници со специјален попуст од 20% по промотивно седиште* и ќе обезбедиме за нашите патници уште пониски цени за некои од 450-те WIZZ правци. Ги повикуваме сите нашите корисници да резервираат што поскоро, бидејќи промотивниот попуст од 20% ќе заврши 27 јули на полноќ. Фенси ниски цени и големи можности? Денес е одличен ден за резервации! “

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП