Македонскиот финансиски систем и во услови на неповолни домашни случувања, ја задржа својата стабилност, беше заклучено во среда на состанокот помеѓу високите претставници од институциите коишто се надлежни за регулирање и надзор на одделните сегменти од финансискиот систем.
На состанокот се разговараше за движењата и ризиците со кои се соочуваат одделните сегменти од финансискиот систем на Република Македонија и соодветните супервизорски институции, како и за потребата од преземање, поединечни или координирани, идни мерки и активности.
Беше разговарано и за напредокот во унапредувањето на регулативата и стандардите за работење на финансиските институции, во согласност со меѓународните практики и директивите на Европската Унија.
На средбата присуствува претставници на Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување, Комисијата за хартии од вредност и Народната банка на Република Македонија.