27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААбе објави план за стимулирање на економијата од 265 милијарди долари

Абе објави план за стимулирање на економијата од 265 милијарди долари

Japan's Prime Minister Shinzo Abe makes a speech in Fukuoka

Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека неговата Влада ќе формира пакет од стимуланси во вредност од 265,3 милијарди долари, за да заживее економијата, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на медиумски публикации. Засега не е јасно колку средства ќе се потрошат за директно стимулирање на растот.

Според локалната агенција „Jiji“, пакетот e во износ од 28 илјади милијарди јени кој ги надминува првичните очекувања за околу 20 илјади милијарди јени, вклучува „фискални мерки“ од 13 илјади милијарди јени. Тие веројатно вклучуваат јавни трошоци за националната и локалните влади, како и програми за евтини кредити, кои ќе се обезбеди на приватниот сектор од полудржавни финансиски институции.

Изјавата на Абе емитувана преку говор во Јужна Јапонија, се случува порано од очекуваното и додава притисок над Јапонската централна банка за прилагодување на големиот план за трошоци со екстра ублажување на монетарната политика при претставувањето на својот преглед за економијата во петокот.

„Сумата е толку висока, па пакетот од стимуланси е должен да предизвика големо економско влијание. Невозможно е да се потрошат толку многу пари само од еден дополнителен буџет, па тоа е можно да се оствари во следните неколку години“, вели за Ројтерс Хироши Мијаџаки, виш економист во „Mitsubishi UFJ Morgan Stanley Securities“.

„„ЈЦБ“ најверојатно ќе ја ублажи политиката, вклучително и преку зголемување на владините набавки на обврзници, па може да се каже дека централната банка може да го преземе новиот долг. Исто така, ова ќе е доказ дека централната банка и Владата работат во тандем“.

Деталите од пакетот со мерки ќе бидат објавени од страна на Владата во текот на следната недела, изјави Абе.

Голем број на членови на Управниот одбор на Јапонската централна банка преферираат да ги одложат активностите, додека се очекува пакетот со фискални стимуланси и доцнењето на покачувањето на данокот на продажба, што се очекува да го стимулираат растот и да ги заживееат изгледите за постигнување на инфлација од околу 2%.

Но нестабилното движење на јенот и некои политички причини би можеле да бидат решавачки фактори за донесување одлуки за тоа дали да се прошират стимулите уште еднаш, или да го задржат смалувањето на политичките ресурси за период во кој изгледите за економијата ќе се влошат, коментира „Ројтерс“.

Курсот на доларот за кратко скокна за 1,8 отсто во однос на јенот во позадина на шпекулациите за планот на Абе. Подоцна тој се изедначи до раст од 1% на ниво од 105,65 јени за долар. Индексот „Nikkei“ забележа расте од 1,7 отсто.

Премиерот Шинзо Абе им нареди пред околу еден месец на своите министри да подготват пакет од фискални стимули и според првичните информации планираше да го претстави во почетокот на август.

Пред две недели Владата во Токио го ревидираше и драстично ја намали прогнозата за економскиот раст кој истекува во март 2017-та година буџетска година до едвај 0,9 отсто. На почетокот на годината прогноза беше за раст од 1,7 отсто. Веќе со години економијата на земјата страда од дефлација, се намалуваат плати и инвестициите бележат доцнење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП