ЕКОНОМИЈА

„Ова е нова Британија, имаме визија“

11063614225797a171dd353756821265_w640

Британската влада ќе отвори три нови претставништва во САД со цел промовирање на деловните и економските односи по одлуката на Велика Британија да излезе од ЕУ.

Избрани се градовите Минеаполис во Минесота, Рали во Северна Каролина и Сан Диего во Јужна Каролина поради економската продуктивност и воспоставените истражувачки и развојни институции, се наведува во соопштението на министерството, кое го пренесува агенцијата Ројтерс.

„Во рамките на нашата амбициозна визија за отворена и надворешно ориентирана британска економија е и ширењето на нашето влијание на најважните пазари ширум светот, а овие три градови нудат извонредни можности за поттикнување на трговијата и инвестициите“, се наведува во однапред подготвениот говор на британскиот министер за меѓународна трговија Лијам Докс.

Докс моментално е на тридневна посета на САД, наведува Ројтерс, додавајќи дека тој исто така изјавил дека дури по напуштањето на ЕУ, Британија ќе може да преговара со САД за поблиски трговски односи.