19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P: Сегашната структура на ЕУ е неодржлива

S&P: Сегашната структура на ЕУ е неодржлива

eus 39

Сегашната структура на Европската унија (ЕУ) е неодржлива и има потреба од голема реформа. Тоа го наведува рејтинг агенција „Standard & Poor’s“ (S & P) во новиот извештај, цитиран од онлајн изданието „euractiv.com“.

„Проблемот е следниов: начинот на кој ЕУ е конструирана и оперира, не го олицетворува доследното „обединување“ на различните димензии на националниот суверенитет и затоа е неодржлива во оваа нејзина форма“, наведува агенцијата во документот.

„Има премногу мотори на изборната политика на 28-те земји членки и премногу можности случајни настани да ги поведат политичките или економските случувања во една или друга насока, а последиците со текот на времето се невозможни за предвидување“, додава агенцијата.

Потребни се јасни мерки за надминување на несигурноста пред иднината на ЕУ, па блокот да одговара на потребите на граѓаните, особено откако Велика Британија одлучи да ја напушти Унијата, истакнува „S & P“.

„„Brexit“ може да се гледа само како една прилично груба манифестација на недоследност и недостаток на кохезија во ЕУ“, пишува во извештајот. Глобалниот економист на агенцијата Пол Шиард нагласува дека британскиот референдум треба да дејствува како ламба за остатокот од ЕУ.

Според „S & P“, Европа може да избере помеѓу две варијанти за дејствување. Првата е да обедини поголем суверенитет и да развие поголемо зближување и конзистентна унија. Втората е земјите членки да си го вратат суверенитетот во одредени области, што ќе донесе и политички, и економски загуби.

„S & P“ го намали рејтингот на ЕУ малку по референдумот на Островот и сега ја проценува Унијата со „АА“. Претходна нејзина проценка беше „АА +“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП