недела, 3 јули 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинализирана продажбата на еврообврзницата

Финализирана продажбата на еврообврзницата

evrata 35353

Продажбата на еврообврзницата е финализирана во вторник, односно издадени им се обврзниците на инвеститорите, а средствата се уплатени на сметката на Министерството за финансии во Народната банка.

„Согласно постапката за издавање на еврообврзница денеска е потпишано и приложено правното мислење потпишано од министерот за правда, кое се издава на денот на трансакцијата, односно уплатата на средствата и запишувањето на обврзниците на име на инвеститорите“, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

„Од денот на аукцијата до денот на финализирањето на продажбата на еврообврзницата со уплата на средства и запишување на сопственост, се средува документацијата – период кој беше искористен од страна на опозицијата да шири невистини во јавност со неточно толкување на законската регулатива. Со кампањата спроведена од страна на опозициската СДСМ изминатиот период беше нанесена штета по угледот на Министерството за финансии, министерот за финансии и владиниот тим што учествуваше во постапката, но и материјална штета по сите граѓани на Република Македонија преку подигање на каматната стапка како резултат на ефектите од таа кампања. Црната кампања придонесе за штета од околу 25 милиони евра по основ зголемена каматна стапка, средства кои неоправдано Република Македонија и граѓаните на Република Македонија ќе ги плаќаат во наредните седум години“, велат од Финансии.

Од таму додаваат дека со цел да се заштити меѓународниот углед на државата и на Министерството за финансии, ќе ги преземат сите законски мерки за да се санкционира своеволието и непоравданото дејствување на опозициската СДСМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП