2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција ги повикува инвеститорите - „чистката“ е при крај

Турција ги повикува инвеститорите – „чистката“ е при крај

101650837357971ac466f88388222586_w640

Турскот премиер Бинали Јилдирим најави основање на повеќе милијарди долари вреден фонд за инфраструктурта, кој би требало да го зачува економскиот раст.

Јилдирим во настојување да ги ограничи економските последици од неодамнешниот обид за пуч, ја отфрли можноста за одржување на предвремени избори.

Турската национална валута лира, берзанските индекси и обврзниците добија на вредност, откако премиерот во едно интервју изјави дека „чистката“ на оние кои се наводно вмешани во пучот е при крај, пренесува агенцијата Блумберг.

„Ова е нашата порака до глобалните инвеститори: Животот се враќа во нормала во Турција“, изјави Јилдирим вчера во Анкара. „Немаше разорен ефект, порача Јилдирим, додавајќи дека владата во Анкара е посветена на зачувувањето на силниот економски раст“.

Туркиот премиер најави и нов државен инвестициски фонд, кој ќе биде вреден повеќе од десетина милијарди долари и нема да го загрози зацртаниот низок буџетски дефицит.

Лирата зајакна за 0,8 проценти на 3,0401 лири за долар, што е нејзин трет последователен ден со раст, додека индексот на истанбулската берза BIST 100 беше меѓу најуспешните берзански индекси во светот, благодарение на скокот од 3,4 проценти.

Вредноста на акциите на Истанбулската берза, сепак, сеуште е за десет проценти пониски во однос на периодот од пред пучот, додека лирата е во минус од 4,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП