26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBoeing: Авиокомпаниите ќе се соочат со сериозен недостаток на персонал

Boeing: Авиокомпаниите ќе се соочат со сериозен недостаток на персонал

boing

На авикомпаниите во светот секоја година во наредните две децении ќе им бидат потребни во просек 31.000 нови пилоти поради експанзијата во авио-сообраќајкот, соопшти американскиот производител Boeing.

Во својата годишна проценка за потребите од персонал во авио-сообраќајот, „Boeing“ наведува дека ќе порасне и потребата за кабински персонал до 2035 на вкупно 814.000 лица, и за техничари за одржување на 679.000, а тоа е сериозно голема бројка, пренесува агенцијата Франс прес.

Во истиот период, глобалната флота на летала ќе порасне за речиси 40.000 авиони.

Најголем недостаток на пилоти ќе почувствува азиско-пацифичкот регион, додека отворањето на авио-пазар во Куба и во Мексико ќе ја зголеми побарувачката во регионот на Северна Америка, предвидува „Boeing“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП