20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурските пазари почнуваат да закрепнуваат

Турските пазари почнуваат да закрепнуваат

berza ista3

Турските пазари почнаа да се враќаат по големата распродажба на средства во минатата недела, по неуспешниот обид за преврат и тврдиот одговор на претседателот Реџеп Таип Ердоган, како и намалувањето на кредитниот рејтинг на земјата од „Standard & Poor’s“ и поставувањето под надзор од „Fitch“.

Турските берзи забележаа силен раст, насочување кон најуспешниот ден по повеќе од еден месец, додава Ројтерс. Трендот сепак најверојатно ќе донесе слаба утеха на инвеститорите по берзанскиот пад од 13 отсто во минатата недела.

Главниот индекс на берзата „Borsa Istanbul 100“ се зголемува со 3,02% до 73.902,61 поени.

Индексот загуби 4,13% од вредноста во текот на минатата недела.

Тоа е отпишување од 2,11% од минатиот месец и 6,27% од минатата година, покажуваат податоците на „Trading Economics“.

Историски индексот достигна највисоки вредности во мај 2013-та година, кога оствари 93.178,81 поени, а рекордното дно од 23,12 поени се запиша во историјата во јануари 1990-та година.

Во текот на денот курсот на доларот во однос на турската лира се намали за 1,11% до 3,0358 лири за еден американски долар.

Минатата недела курсот на доларот во однос на турската валута достигна историски максимум од 3,0970 турски лири за долар, информира „NTV“. Турската валута загуби 6,7 проценти од вредноста во однос на доларот по обидот за преврат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП