19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата продолжи да паѓа

Цената на нафтата продолжи да паѓа

nafta 38844

Цените на нафтата на меѓународните пазари продолжија да паѓаат во понеделник, откако веќе минатата недела потонаа околу четири отсто, заради загриженоста дека прекумерната глобална понуда на нафта и нафтени деривати уште некое време ќе биде тег за пазарот.

Цената на барел сирова нафта на лондонската берза падна за 24 центи во однос на петок, на 45,45 долари. На американскиот пазар барел нафта поевтини 25 центи, на 43,94 долари.

Трговците истакнуваат дека преголемата понуда и растот на неповолните економски движења ги притискаат цените.

„Можноста за невообичаен раст на резервите се зголемува“, велат аналитичарите од Morgan Stanley.

Банката Barclays објави дека глобалната побарувачка за нафта се зголеми во третото тромесечје на 2016 година за помалку од третина од стапката забележана претходната година заради слабиот економски раст. При тоа, побарувачката на развиените економии избледе, додека растот на побарувачката на Кина и Индија забави.

Во Morgan Stanley истакнуваат дека во втората половина на годината се очекува јакнење на неповолните движења, што ќе доведе до уште пониски цени на нафтата.

Во одвоен извештај, OPEC соопшти дека просечната цена на неговата нафта во петок изнесувала 41,71 долари, што значи дека паднала за 1,22 долари во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП