21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер: Преговорите за Brexit дури по неколку месеци

Јункер: Преговорите за Brexit дури по неколку месеци

junker 243

На Велика Британија ќе ѝ бидат потребни месеци за подготовка пред почетокот на преговорите за нејзиното излегување од Европската унија, изјави во понеделникот претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, критикувајќи ја британската влада дека не се подготвила најдобро за можноста на референдумот од 23-ти јуни да победи кампањата за Brexit, како што се случи.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, исто така, потврди дека Велика Британија ќе го загуби неограничениот пристап на внатрешниот пазар на Европската унија доколку не прифати слободен проток на работниците од земјите членки, а рече дека и тој самиот посакува преговорите за британското излегување да започнат што е можно поскоро.

„Меѓутоа, тоа не е случај. На британската влада ѝ се потребни неколку месеци да ја усогласи својата позиција“, рече Јункер за телевизијата France 2.

Јункер појасни дека нема краен рок, бидејќи членот 50 од Договорот за ЕУ, кој се однесува на постапката за излегување од Унијата, може да го активира единствено Велика Британија.

„Би сакал кога Велика Британија, така да кажам, што поскоро ќе ја понуди својата оставка. Мислев, имено, дека Британците, особено оние кои сакаа излегување од ЕУ, биле подготвени на таа можност“, вели првиот човек на Европската комисија,

Јункер притоа истакна дека „без исклучоци или некакви нијанси, оние коишто нема да ги прифатат правилата нема да имаат пристап на внатрешниот пазар“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП