20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на МБИ-10

Раст на МБИ-10

mk berza

На последниот трговски ден минатата седмица, индексот МБИ-10 порасна за 1,22 отсто и изнесува 1.837,29 индексни поени.

Воедно ова е најголема вредност на индексот во последните 12 месеци. ОМБ имаше минимален пад од 0,05 отсто. Вкупниот промет изнесуваше 13,2 милиони денари, а најголем дел беше остварен преку блок трансакции со акциите на ЗК Пелагонија (7,9 милиони) и Фимар балкан (1,07 милиони).

Најголем раст кај акциите имаше акцијата на Солун 2001 Гевгелија од 60 отсто со истргувани 26 лотови по цена од 256 денари. По неа следеа акциите на РЖ Макстил (4,76 отсто), Комерцијална банка (2,95 отсто) и НЛБ Банка (2,52 отсто).

На губитничката листа водеше акцијата на Бетон АД Скопје со пад на вредноста од -6,02 отсто (количина 25, цена 7.800 денари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП