4 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнис климата во Германија опаѓа, но помалку од очекувањата

Бизнис климата во Германија опаѓа, но помалку од очекувањата

biz klima ge3

Бизнис климата во германската индустрија и трговија предвидe во јули помал пад отколку што се очекуваше, се наведува во истражувањето на минхенскиот Институт за економски истражувања (Ifo).

„Бизнис расположението се влошува благо“, појаснува во своето соопштение Институтот.

Во броеви – во јули тој падна од 108,7 поени до 108,3 поени, но економистите очекуваа посериозен пад до 107,5 поени.

„Германската економија покажува дека е отпорна на удари“, појаснува претседателот на институтот Клеменс Фуст.

Поинаку кажано – гласањето за излегување на Велика Британија од Европската унија и неуспешните обид за воен удар во Турција засега не го загрижува германскиот бизнис. Аналитичарите од „KBC Bank“ забележуваат дека за тоа веќе имало индикации од објавениот индекс за производствениот сектор. Тој достигна највисоко ниво од почетокот на 2014-та година, а економијата наоѓа поддршка во силниот пазар на трудот и растечкото пребарување.


source: tradingeconomics.com

Експертите очекуваат Британија наскоро да западне во рецесија, што може да доведе до загуби за германските извозници. „Добрата вест е дека германските компании го прифатија референдумот во Британија релативно мирно“, појаснува Томас Гитцел, главен економист на „VP Bank“ од Лихтенштајн, цитиран од „FAZ“. „Индексот „Ifo“ ја докажува тезата дека гласањето нема да остави дебели траги во германската економија“.

Во сферата на производството има мал пад. Иако индустриските компании изразуваат поголемо задоволство од актуелната ситуација, а пополнетите капацитети им се покачуваат за 0,3 процентни поени до 84,7%, тие гледаат со помалку оптимизам за иднината. Автомобилската индустрија дури пријави песимистички очекувања. Сепак околу една третина од компаниите во производствениот сектор стравуваат дека евентуално излегување на Британија од ЕУ ќе има негативно влијание.

Додека во сферата на трговијата на големо бизнис климата се влошува, кај трговијата на мало и градежништвото има обратен тренд.

„Во изградбата индексот отскокнува до нови рекорди“, појаснува Фуст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП