23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија и Турција ќе ја обноват економската соработка

Русија и Турција ќе ја обноват економската соработка

путин-реџеп

Русија и Турција ќе ги обноват активностите на заедничката меѓувладина комисија за трговска и економска соработка.

Русија и Турција, според указот на руската Влада, исто ќе ги обноват и преговорите за нов договор за трговија, услуги и инвестиции, пренесуваат светските агенции.

Рускиот претседател Владимир Путин на 28 ноември минатата година потпиша декрет за воведување на економски санкции против властите во Анкара како одговор на турското соборување на руски воен авион над Сирија.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган кон крајот на јуни оваа година упати писмо до Путин со извинување за смртта на рускиот пилот.

Путин потоа на 30 јуни потпиша указ за укинување на ембаргото кон Турција и и наложи на Владата со турската страна да разговара за надворешно-економските односи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП